/Прочитано:

81

Новините во Законот за социјалната заштита, кој е во собраниска процедура

Владата го поднесе Предлог-законот за социјалната заштита во Собранието, по скратена постапка. Законот за социјалната заштита се заснова на начелата на правото на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните, социјална праведност, хуманост и солидарност, во согласност со членот 34 од Уставот.

Предлог-законот за социјалната заштита ги содржи следните решенија:

  • Социјалната парична помош се реформира и надградува во гарантирана минимална помош. Основицата за гарантирана минимална помош е зголемена на 4.000 денари, за разлика на постојното право на социјална парична помош кое изнесува 2.871 денари. Досегашните долготрајни корисници на социјална парична помош кои примаат намален износ од 50% основицата, ќе добиваат цел износ на гарантирана минимална помош.
  • Во реформираниот систем на социјална заштита се предвидува зајакната активација на корисниците на гарантирана минимална помош на начин што сите работоспособни членови на домаќинството ќе се вклучат во активните програми за вработување заради нивно оспособување за работа и вработување. Ова подразбира задолжително континуирано присуство на обуки, како и прифаќање на понуда за вработување. Во исто време на корисниците ќе им се обезбеди поддршка за комплетирање на нивното образование и стекнување на вештини, со што ќе станат конкурентни на пазарот на трудот.
  • Редизајнираните права на парична помош може да се гледаат единствено како семеен пакет на права во согласност со потребите на домаќинствата и граѓаните. За лицата/домаќинствата во ризик поради материјална необезбеденост предвидена е гарантирана минимална помош, како и 1.000 денари месечно во текот на шесте зимски месеци за покривање на трошоците за греење. Со напоредната реформа во областа на заштитата на децата се овозможува за прв пат корисниците на гарантирана минимална помош да можат да користат детски додаток и образовен додаток за деца кои редовно посетуваат настава во основно и средно училиште заради поддршка на родителите во намирувањето на училишните трошоци, со што се превенира раното напуштање на училиштето.
  • Во насока на олеснување на животот и поголемо социјално вклучување на лицата со попреченост, како парични права се воведуваат првото на надоместок заради попреченост и се овозможува користењето на правото за родителите кои се грижеле за своето дете со попреченост и не го сместиле во социјална установа да се стекнат со парично право на возраст за пензионирање, поради тоа што не се стекнале со пензија по друг основ. Во оваа насока се предвидува и користење на социјални услуги, како: помош во домот, лична асистенција, обезбедување на помош и поддршка и други услуги во центри за дневно и привремен престој.
  • Заради надминување на утврдената состојба дека услугите од социјална заштита не ги следат индивидуалните потреби на крајните корисници, новиот закон предвидува унапредување и развивање на социјалните услуги кои ќе се обезбедуваат во домот на корисникот, во заедницата и вон семејството, како и иновативни и интервентни социјални услуги.
  • Во однос на обезбедувањето на социјалните услуги се овозможува вклучување на локалната самоуправа, како и на здруженијата на граѓани, физички лица и приватниот сектор во обезбедувањето и испораката на услугите во заедницата. Во оваа насока се воведува систем на лиценцирање на даватели на социјални услуги.
  • Во делот на обезбедување на социјалните услуги од страна на општините се планира обезбедување на парични средства од Буџетот на Република Северна Македонија кои ќе се доделуваат по спроведена постапка по објавен јавен повик. Постапката ќе се спроведе врз основа на локалните програми на општините, разгледани и одобрени на планскиот регион. За давање на одредени социјални услуги ќе се распишува јавен конкурс за даватели на социјални услуги од страна на лиценцирани здруженија.
  • Се воведува нов начин на лиценцирање на стручните лица и нов метод на стручна работа преку „управување со случај“, така што стручните лица во центрите за социјална работа планирано ќе работат со корисниците со цел надминување на социјалниот ризик и вклучување во општеството. Социјалниот работник заедно со одговорно лице од Агенцијата за вработување ќе работат со сите работоспособни членови на домаќинството за стекнување и подобрување на работните вештини и знаења во согласност со нивните можности и потребите на пазарот на труд, што ќе овозможи нивно вработување како најдобар начин за излез од сиромаштијата.

Граѓанските организации бараат во Собранието итно да се стават на дневен ред законите  за социјална заштита и за заштита на децата

Објавен текстот на Предлог-законот што предвидува социјална пензија на стари лица

МТСП подготвува измени на Законот за заштита на децата

Јавна консултација за Предлог-законот за социјална заштита

Извештај за предлог-реформата на системот на социјална и детска заштита

Ќе се менуваат законите за пензиското осигурување и за придонесите од задолжително социјално осигурување

Во подготовка Закон за социјална сигурност за старите лица: Посебно парично давање за старите лица кои не оствариле пензија

Во подготовка Закон за социјалната заштита, чија цел е подобрена ефикасност на социјалните услуги

М.В