/ Прочитано:

1.113

Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ

Новиот Закон за јавни набавки е усогласен со законодавството на Европската Унија. Тој ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки. Ова го истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на комисиската расправа за Предлог-законот во Собранието на РМ.

Тевдовски истакна дека постојниот закон се базирал на директивите за јавни набавки на Европската Унија од 2004 година, а во меѓувреме биле донесени бројни измени и дополнувања, што го оддалечиле од европското законодавство. Од таа причина, како што рече министерот, потребна е темелна и сеопфатна промена, во согласност со актуелните европски практики.

„Она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Примената на овој критериум може да вклучува три различни пристапи: само цената, само трошокот или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Независно од тоа кој пристап се користи, при евалуација на понудите секогаш треба да се вклучи економски елемент. Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите од 2014, се отстрануваат и повеќекратните негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена. Сведоци сме дека послаб квалитет или трошоци за поправки ја чинат државата многу повеќе“, истакна Тевдовски.

Тој посочи дека новиот Закон содржи решенија кои ќе ги заштитат правата на работниците кои учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби кои се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно  резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи.

Со новиот Закон се воведуваат и низа мерки кои ги подобруваат условите за вклученост на малите и средни претпријатија во јавните набавки.

„Со новиот Закон воведуваме низа мерки кои ги подобруваат условите за вклученост на малите и средни претпријатија во јавните набавки бидејќи тие се сметаат за ’рбетот на економијата. Со поголема застапеност на малите и средните претпријатија во јавните набавки, договорните органи ја прошируваат базата на потенцијални понудувачи и се зголемува конкуренцијата“, рече Тевдовски.

Со новиот Закон за јавни набавки се поедноставуваат постапките за јавни набавки со пониска вредност, преку воведување на постапки за набавка, како набавка од мала вредност, електронски пазар за мали јавни набавки и поедноставена отворена постапка.

Новиот Закон за јавни набавки предвидува и низа на антикорупциски правила, како и правила со кои ќе се спречи судирот на интереси при вршење на јавните набавки.

Министерот за финансии посочи дека со предложениот Закон за јавни набавки ќе се подобри системот на јавни набавки во земјава, а нашето законодавство ќе се усогласи со законодавството на Европската Унија.

Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура

Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Многу ниска конкуренција на локалните тендери

Најниската цена, задоцнетото плаќање и обемната документација – проблеми за фирмите при јавните набавки

Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Дебата за Нацрт-законот за јавни набавки: Најавени транспарентни постапки, но и посебен закон за набавки од областа на одбраната и безбедноста

Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки

Дел од решенијата предложени во Нацрт-законот за јавни набавки отвораат повеќе дилеми за градежниците

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: „Новиот закон ќе го подобри квалитетот на јавните набавки“

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: Покрај најниската цена, да се вреднува и квалитетот

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Во подготовка измени на Законот за јавните набавки

М.В