/ Прочитано:

3.269

Новиот Закон за јавните набавки објавен на Академика

Новиот Закон за јавните набавки е објавен на Академика. Со Законот за јавните набавки се уредуваат начинот и постапките за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, надлежностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за јавни набавки, како и правната заштита во постапките за доделување концесии и договори за јавно приватно партнерство.

Според новиот Закон, јавните набавки се темелат на начелото на економичност, ефикасност и ефективност на користењето јавни средства, на начелото на конкуренција помеѓу економските оператори, на начелото на транспарентност, потоа на начелото на еднаков третман и недискриминација на економските оператори и на начелото на сразмерност.

Новиот Закон за јавните набавки има бројни измени и новини во системот за јавни набавки, особено во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки, системот за е-пазар за набавки од мала вредност, постапките за јавни набавки, понудата во форма на електронски каталог и многу други досега неприменети правни институти, со кои започнува целосна реформа во системот на јавните набавки.

Со новиот Закон се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Примената на овој критериум може да вклучува три различни пристапи: само цената,  само трошокот или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Една од клучните новини во Законот е и концептот на одржливи јавни набавки.

На 28.2.2019 година, Академик ќе одржи обука на тема „Спроведување постапки за јавни набавки во согласност со новиот Закон за јавните набавки“. Новиот Закон за јавните набавки влегува во сила на 9 февруари, а ќе започне да се применува на 1 април 2019 година.

Донесен новиот Закон за јавните набавки

Предлог-законот за јавните набавки на собраниска седница

Новиот Закон за јавните набавки го промовира концептот на одржливи јавни набавки – Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки

Министерството за финансии во врска со реформите и јавните финансии

Бирото за јавни набавки ќе врши контрола на ризиците од корупција при јавните набавки

Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија

Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ

Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура

Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Многу ниска конкуренција на локалните тендери

Најниската цена, задоцнетото плаќање и обемната документација – проблеми за фирмите при јавните набавки

Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Дебата за Нацрт-законот за јавни набавки: Најавени транспарентни постапки, но и посебен закон за набавки од областа на одбраната и безбедноста

Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки

Дел од решенијата предложени во Нацрт-законот за јавни набавки отвораат повеќе дилеми за градежниците

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: „Новиот закон ќе го подобри квалитетот на јавните набавки“

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: Покрај најниската цена, да се вреднува и квалитетот

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Во подготовка измени на Законот за јавните набавки

М.В