/ Прочитано:

1.342

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

По предлог на Mинистерството за труд и социјална политика, Владата го прифати Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација. Со новиот закон се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Целта на овој закон е да се гарантира принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.

М.В