/ Прочитано:

5.235

Новите измени на Кривичниот законик објавени на Академика

Новите измени и дополнувања на  Кривичниот законик се објавени на Академика. Законските новини опфаќаат ревидирање на одредбите во неколку области, од кои како најзначајни се: криминалот од омраза, неказнувањето на жртвата од трговија со луѓе и неказнувањето дете жртва, одмерувањето на казната; потоа воведување нови кривични дела: „Даночна измама“, „Избегнување на плаќање  акцизи“ и „Попречување на правдата“ и кодифицирање на кривичното дело за заштита на сведоци.

Со новите законски измени значајно е што криминалот од омраза добива и квалификаторен облик. Исто така, позначајните законски измени се однесуваат и на злоупотребата на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Злоупотребата на постапката за јавен повик во фокусот на предложените измени на Кривичниот законик

Криминалот од омраза како квалификаторен облик во предложените измени на Кривичниот законик

Нови кривични дела во измените на Кривичниот законик кои се во собраниска процедура