/ Прочитано:

1.509

Новите измени на законите за нотаријатот и за извршувањето се објавени на Академика

Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот и Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување се објавени на Академика.

Клучната цел на законските измени за нотаријатот и за извршувањето е намалување на трошоците за нотарите и за извршителите. За новите законски измени за нотаријатот и за извршувањето во две читања се водеше расправа во Собранието на Република Македонија, а матичните собраниски комисии и пратениците вградија и амандмани во текстот на законите.

Претходно, Министерството за правда презентираше и симулација за намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред извршителите и нотарите.

На собраниските седници во врска со новите законски измени за нотаријатот беше истакнато дека со нив ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, содржински ќе се преуредат и ќе се допрецизираат законските одредби кои поради нивната недореченост во праксата оставаа простор за различно толкување.

Во врска со законските измени за извршувањето, пак, беше истакнато дека донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување има за цел да ја олесни, поедностави, поевтини и зголеми  ефикасноста при остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а во правец на надградување на  системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите, почитувајќи го интегритетот на должникот.

Дополнетите предлози на законските измени за нотаријатот и за извршувањето на собраниска седница

Законските измени за нотаријатот и извршувањето пред Законодавно-правната комисија

Второ читање на измените на законите за нотаријатот и извршувањето

Измените на законите за нотаријатот и за извршувањето пред  Комисијата за политички систем

Објаснување на измените на Законот за нотаријатот, кои се во собраниска процедура

Измените на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување пред пратениците

Симулација за намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред извршителите и нотарите

Владата ги прифати законските измени за намалување на трошоците за нотарите и за извршителите

АКРМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА:  Активно да бидеме вклучени во подготовката на измените на законите за нотаријатот и за извршување

За измените на Законот за нотаријатот ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите, вели министерката за правда

М.В