/ Прочитано:

5.265

Објавен Предлог-законот за реформа на УБК: Новата Агенција за внатрешно разузнавање ќе спречува шпионажа

Министерството за внатрешни работи го објави Предлог-законот за Агенција за внатрешно разузнавање.Донесувањето на Предлог-законот за Агенција за внатрешно разузнавање ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема веќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно основање на Агенција за внатрешно разузнавање, со цел воспоставување на моделот на реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија.

„Заради заштита на националната безбедност на државата, независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата, се основа Агенција за внатрешно разузнавање. Агенцијата се основа како самостоен орган на државната управа со статус на правно лице и со неа раководи директор именуван од Владата“, се пропишува во предложеното законско решение.

Во предложеното законско решение се пропишува дека Агенцијата собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата: шпионажа, тероризам и негово финансирање, екстремизам и други насилни активности, организиран криминал насочен против државата, незаконито производство и пролиферација на оружје за масовно уништување или нивни компоненти, како и материјали и уреди кои се потребни за нивно производство, нарушување на виталните економски  интереси и финансиската безбедност на државата, нарушување на безбедноста на носители на високи државни функции, како и на објекти што се од стратешко значење за државата и  откривање и спречување на други можни активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата.

Агенцијата, се пропишува понатаму во законското решение, врши безбедносни проверки за:

– лица во постапката за прием во државјанство на Република Македонија, 

– лица кои бараат отпуст од државјанство на Република Македонија,

– лица кои бараат меѓународна или привремена заштита согласно закон,

– лица кои поднесуваат барање за одобрување на постојан престој согласно закон;

– лица кои поднесуваат барање за одобрување на привремен престој доколку постои ризик по националната безбедност;

– лица – баратели на виза за кои е потребна претходна согласност од Агенцијата;

– лица кои согласно закон поднесуваат барање за вршење промет со оружје и експлозивни материи,

– лица за кои со закон е пропишано вршење безбедносна проверка како услов за засновање на работен однос, заради утврдување на постоење безбедносен ризик од вработување на тоа лице,

– лица – заради издавање безбедносни сертификати.

Агенцијата може да врши разговор со лицето за кое се врши проверката, да врши  разговор со други лица,  да користи податоци од службени евиденции кои ги водат државни органи и институции, да презема мерки за тајно собирање податоци, да врши полиграфско тестирање, со писмена согласност на лицето.

Предлог-законот може да се коментира на следниот линк.

Инаку, покрај овој закон, МВР подготви и нов Закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија, а во насока на усогласување на постојните со предложените прописи, МВР подготви и измени на Законот за странци, на Законот за следење на комуникациите и на Законот за внатрешни работи. Поради најавеното реорганизирање на МВР, ќе се дополнуваат и законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор.

Ќе се основа Агенција за внатрешно разузнавање: МВР подготвува нови закони и законски измени

Поради реорганизирање на МВР ќе се дополнуваат законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор

Промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“

Брифинг за реформите во правосудството, јавната администрација и контролата врз безбедносните служби

Оперативно-техничката агенција започнува со работа

Дебата за процесот на трансформација на УБК

Следењето на комуникациите не смее да биде злоупотребено од позиција на политичка моќ

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В