/ Прочитано:

6.361

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Министерството за труд и социјална политика го објави текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација. Со новиот текст на Законот, велат од Министерството, се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на Законот.

Во новиот текст на Законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се менуваат називот и надлежноста на комисијата во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштитата.

Се доуредуваат надлежностите на Комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и actio popularis. Исто така, се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Текстот на Предлог-законот на следниот линк.

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Потребни се законски измени за доследно користење на actio popularis во случаите на дискриминација

М.В