/Прочитано:

404

Објавени Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги

Министерството за информатичко општество и администрација ги објави текстовите на Предлог-законот за централен регистар на население и на Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги.

Со воспоставувањето на Регистарот, посочуваат од МИОА во врска со Законот за централен регистар на население, се утврдува унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури. Регистарот за населението во Република Македонија обезбедува пристап до јавните услуги обезбедени од страна на надлежните органи и други лица.

Одредбите на овој закон не се однесуваат на податоците за физичките лица кои се упатени на привремен престој во Република Македонија заради извршување на работни задачи за целите на странски дипломатски претставништва, мисии или конзуларни претставништва, членовите на нивните семејства кои престојуваат во Република Македонија, физички лица кои се исклучени од примената на домашното право врз основа на меѓународни конвенции, ниту пак содржи податоци за лица со уреден краткотраен престој во Република Македонија, како и сите други лица опфатени со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година или Виенската конвенција за претставување на државите во нивните односи со меѓународните организации од универзален карактер од 1975 година.

Текстот на Предлог-законот за централен регистар на население на следниот линк.

Со Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги се обезбедува ефикасно и ефективно спроведување на надлежностите на органите и институциите, како и надлежностите, правата и овластувањата на субјектите кои обезбедуваат услуги од јавен интерес, врз основа на утврдени стандарди и процедури, во согласност со одредбите на овој закон и посебните закони, сето во функција на обезбедување на електронски услуги за корисниците на услуги.

Текстот на Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги на следниот линк.

М.В