/ Прочитано:

1.873

Обвинителот Гавровски на местото на Зврлевски во Комисијата за помилување

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го разреши поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски од Комисијата за помилување. На неговото место, велат од Кабинетот на Иванов, е назначен обвинителот Воислав Гавровски. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на РМ.

Комисијата за помилување е работно тело на Претседателот на Република Македонија, составено од девет члена, од кои еден е претседател на Комисијата. Комисијата за помилување работи на седници кои ги свикува претседателот на Комисијата по сопствена иницијатива и врз основа на заклучокот на Комисијата. Комисијата на седницата ја разгледува поединечно секоја молба за помилување и дава мислење по сите предлози што ги поднел министерот за правда и по предлозите за помилување што ги поднел по службена должност.

М.В