/ Прочитано:

913

Обвинителството: Поднесено обвинение против лицето кое нападна пратеник

Денеска надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело Насилство од членот 386 ставот 3 во врска со ставот 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.

„На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако, по налог на Основното јавно обвинителство Скопје, беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството  за внатрешни работи.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице“, посочуваат од ОЈО.

М.В