/ Прочитано:

1.341

Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов

„Постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, Основното јавно обвинителство Скопје постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите.  Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Во врска со непотпишувањето на указот за Законот за ратификација на договорот со Грција, претседателот Иванов рече дека Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, „граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“.

За непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците, претседателот Иванов изјави дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на Указот за прогласување на ваков закон. Законот за употреба на јазиците, истакна Иванов, е неправеден и репресивен закон, кој фаворизира само еден јазик. Ваков закон ќе ги продлабочи меѓуетничките тензии и претставува закана по меѓуетничкиот соживот.

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

ИВАНОВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон

М.В