/ Прочитано:

1.794

Обврската за нотарите и извршителите за пријавување на имотот во законските измени за спречувањето на корупцијата

Во предложените измени се предвидуваат и измени на членот 33 од Законот за спречување на корупцијата, во кој се пропишува дека избрано или именувано лице, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето, пополнува анкетен лист, со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.

Овие лица, се пропишува понатаму во членот 33, анкетните листови и изјавата ги доставуваат до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Управата за јавни приходи.

Предвидените измени на членот 33 од Законот за спречување на корупцијата се во насока на воведување на обврска за пријавување на имотот на нотарите и извршителите. Нотарите и извршителите, се пропишува во предложените измени,  се должни во рок од 30 дена од  стапување во сила на овој закон  да пополнат анкетен лист и да постапат во согласност со членот 33 од Законот.

Текстот на предложените измени на Законот за спречување на корупцијата објавен од Министерството за правда

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

M.В