/Прочитано:

2.441

Од 1 декември адвокатите ќе можат да поднесуваат барања за издавање извод по електронски пат

Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, Љубомир Михајловски, и директорот на  Управата за водење за матичните книги,  Бујар Дардишта, потпишаа анекс на меморандумот за соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги и Адвокатската комора во Република Македонија.

Целта на соработката е, наместо досегашното чекање на шалтери, на адвокатите да им се овозможи да се регистрираат на веб-страницата на Управата за водење на матичните книги: uvmk.gov.mk и по електронски пат да поднесуваат барање за издавање извод од МКР, МКВ и МКУ, на обичен и на двојазичен образец и изводите да ги добијат во соодветна електронска форма.

Образецот за регистрација на адвокатите ќе биде достапен веб-страницата на Управата од 1.12.2018 година.

Минатата година коморите на адвокатите, извршителите и нотарите потпишаа меморандум за соработка со Управата за водење на матичните книги. На настанот, меѓу другото,  беше истакнато дека меморандумот за соработка е од особено значење и со него се потврдува потребата од модернизација на комуникацијата помеѓу адвокатите и Управата за водење на матичните книги, што подразбира и олеснет пристап до правдата.

Коморите на адвокатите, извршителите и нотарите потпишаа Меморандум за соработка со Управата за водење на матичните книги

М.В