/ Прочитано:

1.181

Одговорност за штета кај автономните автомобили

При изработката и тестирањето на прототиповите на ваквите автомобили, се поставува прашањето дали тие ќе имаат способност да се адаптираат на секоја сообраќајна ситуација и во секакви услови на патиштата и доколку не, чија ќе биде вината за несреќите што може да се случат? Дали вината ќе ја сноси произведувачот, креаторот на софтверот кој се наоѓа во автомобилот или возачот кој учествувал во сообраќајната несреќа?

Иако сè уште не се пуштени во редовна употреба и сè уште се предмет на истражување и дополнителни анализи, автономните автомобили (кои не се управувани од човек) може да се очекуваат во сериско производство дури за нешто повеќе од 5 години.

Најголемата дилема кај производството на овие автомобили досега не беше ниту дизајнот ниту перформансите, туку безбедноста, односно намалување на можноста за сообраќајна несреќа и за предизвикување штета за другите учесници во сообраќајот. При изработката и тестирањето на прототиповите на ваквите автомобили, се поставува прашањето дали тие ќе имаат способност да се адаптираат на секоја сообраќајна ситуација и во секакви услови на патиштата и доколку не, чија ќе биде вината за несреќите што може да се случат? Дали вината ќе ја сноси произведувачот, креаторот на софтверот кој се наоѓа во автомобилот или возачот кој учествувал во сообраќајната несреќа? Во два случаја на сообраќајни несреќи биле откриени и двајца виновници. Во првиот случај, производителот на автомобилот ја признал вината поради тоа што до крај не ги спровел алгоритмите, а во вториот случај, во автомобилот „тесла“ откажал автопилотот, така што при истрагата, од вина бил ослободен произведувачот на софтверот, со образложение дека системот не бил дизајниран да спречи специфични околности кои довеле до несреќата.

На пазарот постојат автоматизирани автомобили кои сè уште не се комплетно автономни, така што при нивното управување сепак е потребна минимална човечка интервенција во дадени ситуации. Според стандардите во САД, на пр., автономните автомобили мора да исполнуваат околу 70 безбедносни стандарди, за да можат да бидат пуштени во сообраќај, а еден од тие стандарди е и човечкото присуство во автомобилот.

Едни од главните придобивки на новите револуционерни автомобили треба да бидат зголемената безбедност во сообраќајот и намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи. Досегашните дебати помеѓу производителите, правниците и осигурителните компании не дадоа целосен одговор кој ќе ја сноси вината за предизвиканата сообраќајна нсереќа.

Федералната влада на САД вложува континуирани напори да создаде и имплементира пакет закони кои ќе се однесуваат на ваквиот тип автомобили и сообраќај. Овие закони ќе важат за сите земји на САД. Првиот чекор кон носење на вакви закони се случи минатата година во септември кога Владата донесе стандарди според кои автомобилите ќе се произведуваат и продаваат. Овие стандарди се однесуваат на безбедносните системи, минималниот ризик од сообраќајни несреќи, однесување во случај на сообраќајна несреќа итн.

С. М.