/ Прочитано:

1.533

Одлични впечатоци од обуката на Академик посветена на јавните набавки

Академик одржа обука со наслов „Вовед во Предлог-законот за јавните набавки и подготовка за негова примена“. На обуката, која предизвика голем интерес кај професионалната фела, детално се говореше за новините во Предлог-законот, за тоа какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката и кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки.

Предавач на обуката беше Маја Малахова, експерт од областа на јавните набавки. Нагласувајќи го квалитетот на предавањето, учесниците на обуката истакнаа дека на едукативниот настан преку практичен пристап се дала сеопфатна анализа на Предлог-законот и преку практични примери детално се разработила реформата во системот на јавните набавки.

„Обуката е многу корисна и многу убаво конципирана. Има многу практични примери. Се говори за сите дилеми кои произлегуваат или кои би произлегле во практичното работење. На овој начин, преку оваа обука ние благовремено се подготвуваме за  правилна примена на регулативата од областа на јавните набавки“, велат учесниците на обуката.

„Одличен предавач, со точно и конкретно познавање на законските решенија и нивната примена“, истакнува Арбен Демиров од „Македонија лек“ ДОО.

„Обуката беше супер“, нагласуваат Ангела Алтипармаковска и Дејан Стојановски од „СН осигурителен брокер“ АД Битола.

„Обуки мора да се спроведуваат и да се организираат редовно за да може правилно да се применат законските одредби“, вели Снежана Макаријоска од РЕК Битола.

Блага Ѓоргоска од РЕК Битола и Даниела Груевска од  ОУ „Марко Цепенков“ нагласуваат дека обуката имала одлична организација и биле исполнети целите за реализирање на обуката посветена на значајни теми од областа на јавните набавки.

Предавачот беше добро подготвен и одлично го пренесе своето знаење, велат Панче Јанев и Јадранка Митевска од Општина Велес, Офелија Шендова од ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство Скопје и Македонка Велков-Гетева од ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје.

Временскиот период на предавањата беше соодветен, а предавачот одличен, потенцира Саша Симитчев од Општина Велес.

Обуката позитивно ја оценуваат и Виктор Ивановски и Бети Десоска од РЕК Битола, како и Наташа Лукиќ од Општина Битола.