/ Прочитано:

1.740

Одлични впечатоци од обуката на Академик за правилата и техниките на канцелариското и архивското работење

Академик одржа обука на тема „Правила и техники на канцелариското и архивското работење, со осврт на водењето е-деловодник и на постапката за уништување на документацијата“, на која предавач беше Ана Михајловска – управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

Пред големиот број учесници, предавачката Михајловска детално се осврна на темата на обуката, со посебен фокус на правната рамка за канцелариското и архивското работење, за водењето е-деловодник и книги за евиденција и за постапувањето со архивскиот и документарниот материјал.

На обуката беа презентирани практични примери и вежби и беа одговорени голем број прашања кои предизвикуваат дилеми во практичното работење. Обуката, истакнуваат учесниците, беше одлично организирана.

„Предавањето беше одлично. Добивме појасна и пореална слика за канцелариското и архивското работење“, вели Илија Најдоски.

„Обуката е одличен пет“, вели Игор Миланов од Ректоратот на УКИМ.

„Целта на обуката е целосно исполнета и се здобивме со нови вештини за канцелариското работење, како и за архивското работење во различен вид на организации“, нагласува Љубица Ангелова од Општина Ново Село.

 

„Обуката во целост ги исполни моите очекувања и се стекнав со поголеми знаења“, вели Светлана Трајковска од Општина Битола.

„Задоволство ми беше да присуствувам на оваа обука, на која инспекторката имаше извонредно предавање“, истакнува Силвана Митревска од ЈОУГД „11 септември“ – Ресен.

 

„Одлично организирана обука, и од страна на организаторот и од страна на предавачот. Максимално професионално, секоја чест“, вели Маја Христовска од НУ Музеј Македонија – Скопје.

„Одлично!“, нагласува Дарко Доневски од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

„Предавачката беше добро подготвена и одлично го пренесе своето знаење“, коментираат Симона Гавриловска од „Кроација осигурување“ АД Друштво за неживотно осигурување – Скопје, Елена Андонова од Еуростандард банка АД Скопје, Магдалена Јакимовска од Дирекција за безбедност на класифицирани информации и Цветанка Стефановска од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на РМ.

Марина Канзурова од „Сава осигурување“ и Зана Факиќ-Зекировска, Нуркан Љоки, Љупчо Маневски од Државно правобранителство на РМ, исто така, го истакнаа одличното излагање на предавачката, соодветниот временски распоред на предавањето и изборот на темата.

„Обуката беше добро организирана и нејзината цел беше исполнета“, велат Христијан Мицевски и Лепа Анѓелкоска од „Асеко“, Љубица Богоевска од „Кроација осигурување“ АД Друштво за неживотно осигурување – Скопје и Стефанка Ацев од „МАКПЕТРОЛ“ АД Скопје.