/ Прочитано:

1.541

Одложено судското рочиште за случајот против Павле Богоевски

Рочиштето беше одложено на барање на адвокатот кој го застапува Богоевски поради тоа што обвинителката достави вештачење за штетата направена врз владиниот објект. Адвокатот Сашо Дуковски истакна дека тоа е документ за кој е потребно да се направи анализа за да се утврди дали е релевантен.

Павле

Во Кривичниот суд денеска се одложи и второто судско рочиште за случајот против активистот на Шарената револуција Павле Богоевски, кој се товари за учество во толпа која предизвикала материјална штета врз зградата на Министерството за култура за време на протестите.

Рочиштето беше одложено на барање на адвокатот кој го застапува Богоевски поради тоа што обвинителката достави вештачење за штетата направена врз владиниот објект. Адвокатот Сашо Дуковски истакна дека тоа е документ за кој е потребно да се направи анализа за да се утврди дали е релевантен.

„Денеска беше доставено писмено вештачење од страна на Обвинителството за наводната штета. Документот го добив пред малку. Сметам дека треба да го анализираме, да утврдиме дали е релевантно вештачењето, дали е направено од страна на овластен орган и, секако, дали е нарачано од овластен орган. Во обвинението не пишува висина на штетата, а во вештачењето има сума со многу нули. Ќе ни треба извесен период, а потоа ќе заземе став“ изјави Дуковски.

Судењето ќе продолжи на 21 декември.

А. Б.