/ Прочитано:

1.257

Официјално објавен Предлог-законот за амнестија, во кој и интеграцијата во НАТО е наведена како цел

„Со Законот за амнестија се предвидува и уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените кривични постапки, ослободување од извршување на условна осуда, и ослободување од издржување на казната затвор на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Со законот законот се определува и бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегување во сила на законот.

Основната цел на Предлог-законот е амнестија на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, со цел помирување преку надминување на поделбите во општеството кои произлегуваат или се во врска со инцидентот во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, а сето ова како процес за интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, системските реформи согласно Европската агенда“, се вели во законското образложение.

Со Предлог-законот се пропишува:

„Со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор (во натамошниот текст: “амнестија”) лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Со амнестија се:

ослободуваат од кривично гонење според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со собраниските настани од 27 април 2017 година,

запираат кривичните постапки за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија против лица осомничени и обвинети, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело до денот на влегување во сила на овој закон,

ослободуваат од извршување на казна условна осуда и се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата кои сториле кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија, а во врска со настаните од Собранието на Република Македонија од  27 април 2017 година, а кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со извршување на казната условна осуда или издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија.

Одредбите не се однесуваат за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до  денот на влегување во сила на овој закон сториле кривично дело ‘Здружување заради непријателска дејност’ од член 324 став 1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело ‘Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста’ од член 313 од Кривичниот законик, кривичното дело ‘Убиство’ од  член 123 од Кривичниот законик, кривичното дело ‘Насилство’ од член 386 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија” број 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/ 15 и 97/17).

Овој исклучок не се однесува на сторители на кривичното дело ‘Насилство’ од член 386 од Кривичниот законик, како и сторители на кривичното дело ‘Здружување заради непријателска дејност’ од член  324 од Кривичниот законик во врска со членовите  18, 19, 23 и 24 од Кривичниот законик.

Со Предлог-законот се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегувањето во сила на овој закон.

Постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка, се поведува по барање на осомниченото, обвинетото и осуденото лице. Барањето се поднесува во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од  пет дена по приемот на барањето доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител“, се пропишува понатаму во Предлог-законот за амнестија, чиј целосен текст може да се преземе на следниот линк. Предлог-законот е подготвен од група пратеници.

Предлог-законот за амнестија за 27 април не доби поддршка од мнозинството пратеници

Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април на собраниска седница

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Прекршувања на начелата на постапката во предметот „27 април“

Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието  на РМ

АКРМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за предметот „27 април

Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење

Кривичниот суд: Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот, но условите се тие

„Не сме декор во судот“ – велат адвокатите во предметот „27 април“, кои денес беа казнети и отстранети од судница

Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно реагира за предметот „27 април“: Загрижува ставот на Кривичниот суд

Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права

Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април

Јавна реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот „27ми април“: Се постапува на штета на обвинетите

Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите не се терористи и предметот е политички мотивиран, велат адвокатите во воведните зборови за „27 април“

Обвиненија за настаните во Собранието

М.В