Адвокат Дуња Туртурова има потреба од ангажирање две лица на позициите адвокатски приправник и адвокат
Адвокат Дуња Туртурова од Скопје има потреба од ангажирање две лица, и тоа еден адвокатски приправник и еден адвокат.
- Кандидатите заинтересирани за позицијата адвокатски приправник треба да ги исполнуваат следните услови:
– да се без положен правосуден испит;
– да се без работно искуство;
– да имаат одлично познавање на англискиот јазик;
– да имаат одлично познавање при работење со компјутер (особено Ворд и Ексел).
Кандидатите заинтересирани за позицијата адвокатски приправник, покрај горенаведените услови, треба да поседуваат и волја за специјализација во областа на граѓанското парнично право, трговското право, трудовото право, како и другите граѓански постапки, треба да имаат висок степен на одговорност во поглед на извршувањето на секојдневните задачи поврзани со работата, треба да бидат урбани и ведри лица кои имаат желба за создавање адвокатска кариера, треба да имаат способност за тимска работа и лесно и брзо да се приспособуваат спрема потребите на клиентите.
- Кандидатите заинтересирани за позицијата адвокат треба да ги исполнуваат следните услови:
– да поседуваат адвокатска лиценца;
– да се со најмалку 2 години работно искуство од областа на адвокатурата;
– да имаат одлично познавање на англискиот јазик;
– да имаат одлично познавање при работење со компјутер (особено Ворд и Ексел).
Кандидатите заинтересирани за позицијата адвокат, покрај горенаведените услови, треба да имаат одлично познавање особено на граѓанското парнично право, трговското право, трудовото право, облигационото право, како и познавање од другите граѓански постапки, да имаат висок степен на одговорност во поглед на извршувањето на секојдневните задачи поврзани со работата, да бидат урбани и ведри лица кои се пронаоѓаат во адвокатурата, како и да имаат способност за тимска работа и лесно и брзо да се приспособуваат спрема потребите на клиентите.
Предност ќе им се даде на кандидатите кои одлично владеат втор светски јазик и кои се способни за квалитетна работа под притисок.
Сите заинтересирани кандидати најдоцна до 20.12.2018 година да достават кратка биографија на е-пошта: adv.dunjalawoffice@yahoo.com, при што ќе се стапи во контакт само со кандидатите што ќе бидат избрани врз основа на доставената кратка биографија и ќе бидат повикани на интервју. Be молиме без телефонски јавувања.