/Прочитано:

1.163

Адвокатското друштво ГЕОРГИ ДИМИТРОВ АДВОКАТИ објавува оглас за адвокатски приправници

Адвокатското друштво ГЕОРГИ ДИМИТРОВ АДВОКАТИ од Скопје има потреба од ангажирање на две лица за позиција адвокатски приправник.

Кандидатите за позицијата адвокатски приправник треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • без положен правосуден испит
  • без работно искуство
  • одлично познавање на англиски јазик
  • одлично познавање на работа со ICT-апликации.

Идеалните кандидати треба да имаат желба за специјализација во областа на трговското и работното право, да се урбани и ведри личности, да се високо мотивирани за креирање на адвокатска кариера, да се способни за тимска работа и да се изразено ориентирани кон потребите на клиентите.

Предност ќе им се даде на кандидатите што одлично владеат втор светски јазик и се способни за квалитетна работа под притисок.

Кандидатите треба да достават писмо за мотивација и кратка биографија на e-mail: info@dimitrov.com.mk најдоцна до 15.7.2018 година.

Адвокатското друштво ќе ги контактира само успешно оценетите кандидати со кои ќе се изврши интервју и ќе се спроведе тестирање. Be молиме без телефонски јавувања.

www.georgidimitrov.com.mk