/ Прочитано:

4.740

Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ објавува оглас за ангажирање на адвокатски приправник

Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ има потреба од ангажирање на лице за позицијата адвокатски приправник.

Кандидатот за позицијата  адвокатски приправник треба да ги исполнува следниве услови:

– без или со работно искуство

– без положен правосуден испит

– одлично познавање на англиски јазик

– одлично познавање на работа со ICT-апликации.

Идеалните кандидати треба да имаат соодветно искуство и/или желба за специјализација во областа на трговското и работното право, да се урбани и ведри личности, да се високомотивирани за напредување во адвокатската кариера, да се способни за тимска работа и да се изразено ориентирани кон потребите на клиентите.

Предност ќе им се даде на кандидатите кои одлично владеат втор светски јазик и се способни за квалитетна работа под притисок.

Кандидатите треба да достават писмо за мотивација и кратка биографија на следниов e-mail: info@dimitrov.com.mk најдоцна до 22.11.2017 година. Адвокатската канцеларија ќе ги контактира само успешните кандидати со кои ќе се изврши интервју и ќе се спроведе тестирање. Ве молиме без телефонски јавувања.
www.georgidimitrov.com.mk