/ Прочитано:

4.415

Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ објавува оглас за стручен соработник и адвокатски приправник

Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ има потреба од ангажирање лица за следните позиции:

  1. СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
  • Положен правосуден испит
  • Со или без работно искуство по положување на правосудниот испит
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со ICT-апликации
  1. АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК
  • Без положен правосуден испит
  • Без работно искуство
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со ICT-апликации

Идеалните кандидати треба да имаат соодветно искуство и/или желба за специјализација во областа на трговското и работното право, да се урбани и ведри личности, да се високомотивирани за напредување во адвокатската кариера, да се способни за тимска работа и да се изразено ориентирани кон потребите на клиентите.

Предност ќе им се даде на кандидатите кои одлично владеат втор светски јазик и кои се способни за квалитетна работа под притисок.

Кандидатите треба да достават писмо за мотивација и кратка биографија на следната e-адреса: info@dimitrov.com.mk, најдоцна до 15.1.2017 година. Адвокатската канцеларија ќе стапи во контакт само со успешните кандидати со кои ќе се изврши интервју и ќе се спроведе тестирање. Ве молиме без телефонски јавувања.
www.georgidimitrov.com.mk