/Прочитано:

410

Адвокатското друштво „Пепељугоски“ има потреба од ангажирање две лица на позиција адвокатски приправник

Адвокатското друштво „Пепељугоски“ од Скопје има потреба од ангажирање две лица на позиција адвокатски приправник. Кандидатите за позицијата адвокатски приправник треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да се без положен правосуден испит;
  • да имаат завршено прв циклус на студии (додипломски студии) со висок просек, над 9.0;
  • да имаат запишано магистерски студии;
  • да се со или без работно искуство;
  • да имаат одлично познавање на англискиот јазик ;
  • да имаат одлично познавање на работа со ICT-апликации.

Идеалните кандидати треба да имаат желба за специјализација во областа на граѓанското, трговското, трудовото право и правото од интелектуална сопственост,  да се високо мотивирани, да се способни за тимска работа и да се изразено ориентирани кон потребите на клиентите.

Предност ќе им се даде на кандидатите кои одлично владеат втор светски јазик и кои се способни за квалитетна работа под притисок.

Кандидатите треба да достават кратка биографија на е-адреса: imilenkovska@pepeljugoski.com.mk најдоцна до 21.12.2018 година.

Адвокатското друштво ќе контактира само со успешно оценетите кандидати, со кои ќе се изврши интервју и ќе се спроведе тестирање. Be молиме без телефонски јавувања.