/Прочитано:

924

Оглас на Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ за ангажирање две лица на позиција адвокатски приправник

 

Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ од Скопје има потреба од ангажирање две лица на позиција адвокатски приправник. Кандидатите за позицијата адвокатски приправник треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да се без положен правосуден испит
  • да се без работно искуство
  • да имаат одлично познавање на англискиот јазик
  • да имаат одлично познавање на работа со ICT-апликации.

Идеалните кандидати треба да имаат желба за специјализација во областа на трговското и работното право, да се урбани и ведри личности, да се високо мотивирани за креирање на адвокатска кариера, да се способни за тимска работа и да се изразено ориентирани кон потребите на клиентите.

Предност ќе им се даде на кандидатите кои одлично владеат втор светски јазик и кои се способни за квалитетна работа под притисок.

Кандидатите треба да достават писмо за мотивација и кратка биографија на е-адреса: info@dimitrov.com.mk најдоцна до 15.12.2018 година.

Адвокатското друштво ќе контактира само со успешно оценетите кандидати, со кои ќе се изврши интервју и ќе се спроведе тестирање. Be молиме без телефонски јавувања.

www.georgidimitrov.com.mk