/ Прочитано:

788

Оглас на Институтот 4Р за обука за медијатори според акредитирана програма

Институтот  4Р објавува оглас за спроведување основна обука за медијатори во периодот од 20.10.2018 година – 11.11.2018 година. Обуката е интерактивна и се состои од теоретски и од практичен дел.

Предавачи на обуката ќе бидат:

– д-р Зоран Вучев – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори, помирувач  во работни односи;

– м-р Илија Манасиев – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори, помирувач во работни односи и арбитер, обучувач за помирувачи за работни односи;

– м-р Славе Младеновски – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори;

– Роза Алексова – лиценциран медијатор и обучувач на медијатори.

Обучувачите го гарантираат квалитетот на обуката за стекнување знаења за теоретски и практични методи, техники, вештини, за правната рамка на медијацијата во Република Македонија и ЕУ итн.

Јавниот оглас за обуката на следниот линк.

П  Р  И  Ј  А  В  А за учество на основна обука за медијатори акредитирана од страна на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата во Република Македонија.