/ Прочитано:

1.546

Огромен интерес за обуката на Академик посветена на актуелни прашања од областа на катастарот

Голем интерес за обуката во организација на Академик посветена на уредувањето на градежното земјиште, постапката за легализација и запишувањето права врз инфраструктурни објекти.

Предавач на обуката беше Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како и Сања Волканова-Златановска и Соња Димова, државни советници од Агенцијата.

Уредувањето на градежното земјиште, постапката за легализација, запишувањето права врз инфраструктурни објекти и градењето стабилни инфраструктурни проекти се теми од кои секогаш произлегуваат бројни прашања и дилеми и за кои неминовно се отвора дискусија.

Во насока за надминување на проблемите со кои се соочуваат и физичките и правните лица од сите сфери, Академик jа организираше оваа специјализирана обука на која учесниците имаа ексклузивна можност да ја откријат линијата на која се сретнуваат егзактноста на геодезијата и теоријата на правото.

Во таа насока, на обуката детално се говореше за воспоставување на катастарот на инфраструктурни објекти, за првите искуства од воспоставениот систем за подземен катастар, за влијанието врз имотните права или врз субјектите при градење, за карактеристиките на инфраструктурните објекти, за премерот и за графичкиот регистар за градежно земјиште.

Исто така, се говореше и за предбележување и запишување на објектите на инфраструктурата во јавните книги, за легализација на инфраструктурата, за запишување на права и ограничувања врз инфраструктурни објекти, за геодетски елаборати и решенија за запишување, за хипотеки на инфраструктурни објекти.

Детално стана збор и за постапката за запишување на правото на државна сопственост, за доделување на корисничко право врз објекти во државна сопственост, за постапката за прибележување на корисничкото право и за примената на Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост.

На обуката се дискутираше и за тоа во кои случаи во постапката за запишување на право на државна сопственост учествува Државното правобранителство.

Учесниците на денешната обука коментираат дека присуствувале на едукативен настан од кој понесуваат извонредни искуства. Одлични предавачи и беспрекорна организација, внимателно избрани теми кои се од суштинско значење за практичното работење, пријатна атмосфера и интерактивна дискусија се само дел од коментарите на учесниците, кои го нагласуваат и значењето на Академика во нивното практично работење.

„Обуката беше прекрасна. Повеќе пати сум бил учесник на обуките на Академик и навистина се одлични во својата работа и во посветеноста кон темите кои ги засегаат правничката и деловната фела. И на оваа обука се говореше за значајни прашања од областа на катастарот, што е многу интересна и практична тема. Презентациите на обуката беа одлични“ – Бобан Димоски, „Масон инженеринг“.

„Обуката беше многу добра и имаше голем број на присутни учесници кои дискутираа за сите прашања за кои се потребни појаснувања од аспект на практичното работење поврзано со катастарот“ – Сузана Димевска и Звонко Кушоски, АД Електрани на Македонија.

„Супер обука! Би дошол и повторно. Предавачите беа одлични во своите презентации“ – Љупчо Карапетковски, цементарница „Усје“.

„Позитивно ја оценуваме обуката. Се опфатија многу прашања и се разви квалитетна дискусија“ – Билјана Алцева и Николче Тасевски, Телеком.

„Обуката беше одлична и како учесници сме многу задоволни од начинот на кој предавачите од Катастарот ги образложија темите. Задоволни сме и од организацијата на обуката, се разбира, како и од изборот на темата за која се говореше денеска“ – Пепита Стојковска, Општина Велес.

„Презадоволни сме од обуката и од предавањата кои беа сеопфатни“ – Благој Костов, ЈКП „Дервен“ – Велес.

„На денешната обука во организација на Академик се дискутираше за актуелни праша од областа на катастарското работење. Добивме нови сознанија и сугестии како да се постапува во практиката. Оваа тема е многу важна за стопанствениците и за деловните субјекти и добро беше да се слушне денешното предавање кое беше многу корисно“ –  Ивана Шапкар, „Стопанска банка“ АД Битола.

„Обуката беше корисна и добро конципирана. Презентациите беа јасни, информативни и многу содржајни“ – Павлина Барамчева, Виолета Петрушевска и Васка Костевска, „Стопанска банка“ АД Скопје.

„Задоволни сме од обуката на која имаше тема која е актуелна и за адвокатската фела од која доаѓаме и ние“ – Тамара Славеска и Лидија Тасеска, „Адвокат Бранко Кузманоски“.

„Супер беше обуката, супер беа и предавачите. Се говореше за многу теми, помеѓу кои и за уредувањето на градежното земјиште, легализацијата на бесправно изградените објекти, прашања кои се наметнуваат низ овие постапки и редица други дилеми“ – Марија Катиќ и Тања Димовска, Општина Гази Баба.

„Јас сум дел од геодетската дејност и можам да кажам дека обуката ги задоволи највисоките критериуми кои се потребни за обука на која се дискутира за прашања од доменот на геодезијата и законите од таа област“ – Јакип Фетаи, Геоплан-ЈФ ДООЕЛ, Тетово.

„Добра беше обуката. Темите од катастарот се доста актуелни и потребни се ваков вид на едукативни настани“ – Зоран Ѓеорѓиев и Елена Јованова, Општина Конче.

„Доаѓам често на обуките на Академик и имам добиено многу сертификати од овие обуки. Мене лично многу ми помагаат знаењата стекнати од овие обуки“ – Јулијана Ристова, Општина Демир Капија.

„Беше многу интересно. Се слушнаа многу искуства и можеше да се воочи дека се наметнуваат проблеми во практиката. За сите овие проблеми и дилеми се разговараше на обуката и беа дадени конкретни и корисни објаснувања“ – м-р Елизабета Додевска и м-р Валентина Трајкоска.