/ Прочитано:

1.991

Оперативно-техничката агенција започнува со работа

Оперативно-техничката агенција (ОТА) денеска започнува со работа. Исто така, денеска стапува во примена Законот за следење на комуникациите, како и одредби од Законот за Оперативно-техничка агенција и од Законот за електронските комуникации. Заедно со измените во Законот за кривичната постапка, тие се дел од законскиот пакет за реформа на системот за следење на комуникациите.

„Не постои ниту теоретска ниту практична можност за злоупотреби на механизмите за посебните истражни мерки. Одговорно тврдам дека нема да ни се повторат ‘бомбите’. Моделот што е избран за функционирање на Оперативно-техничката агенција е соодветен на условите и е оптимално решение за Република Македонија”, вели директорот на ОТА,  Зоран Ангеловски.

Со почетокот на работата на ОТА заокружена е реформата во безбедносните служби во согласност со препораките на Рајнхард Прибе и групата експерти, кои произлегоа од политичката криза пред три години.

„Оперативно-техничката агенција е создадена и ќе функционира како целосно независно тело. ОТА е основана со јасна поддршка на сите политички чинители во Република Македонија, односно со 2/3 мнозинство, вклучително и о Бадинтеровиот принцип. Ова е показател на зрелоста на државните институции и почитување на принципот владеење на правото. ОТА целосно ќе го штити безбедносниот интерес на граѓаните на Република Македонија, на етички и транспарентен начин“, потенцира Ангеловски.

Следењето на комуникациите не смее да биде злоупотребено од позиција на политичка моќ

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В