/ Прочитано:

2.499

Основен суд Скопје 1 – Скопје: Системот за издавање потврди од кривична и казнена евиденција повторно во функција

АКМИС системот за управување со судски предмети од денеска функционира, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје, откако во петокот ја известиле Државнта изборна комисија дека поради проблеми со системот не се во можност да издаваат потврди од кривична и казнена евиденција.

„Во однос на наводите дека АКМИС системот за управување со судски предмети не функционира и Основниот суд Скопје 1 – Скопје не може да издава уверенија од казнена и кривична евиденција, ја известуваме јавноста дека во петокот (15.9.2017 година) во попладневните часови е констатиран проблем со системот, за што веднаш е известена компанијата задолжена за негово одржување, по што денеска во 11:00 часот проблемот е отстранет, системот функционира и нема никаков застој во издавањето на уверенијата од казнена и кривична евиденција“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.