/ Прочитано:

5.361

Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд

Од Уставниот суд на РМ во објавениот преглед на иницијативи информираат дека Одлуката за распишување на референдум бр. 08-4666/1, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/2018) е на дневен ред на 21-та седница на Уставниот суд.

Седницата на Уставниот суд на Република Македонија е закажана за 19.9.2018 година (среда), со почеток во 9:30 часот. Како што потврдуваат од Уставниот суд, една од иницијативите за оспорување на одлуката за распишување на референдум е поднесена од политичката партија „Левица“.

„Нашиот правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита бидејќи таа не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија“, велат од Левица, од каде што бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

Во иницијативата до Уставниот суд се вели дека одлуката не ги содржи сите законски предвидени елементи,  називот на прописот, образложение на прописот, референдумските прашања, видот на референдумот.

„Доносителот на одлуката, кој во суштина поставил три прашања во едно, злонамерно и тенденциозно не ги формулирал одделно – како засебни алтернативи, туку недозволиво ги споил во едно, на кое е невозможно логички доследно да се одговори само со ЗА или ПРОТИВ. Со ова директно е повреден чл. 15, ст. 3 од Законот за референдум, кој изречно налага дека ‘ако се гласа за повеќе прашања, за секое прашање се гласа на посебно гласачко ливче’, што во случајов не е така бидејќи во побиваната одлука е предвидено да има само едно гласачко ливче на денот на референдумот“, стои во Иницијативата.

За Левица нејасен е видот на референдумот кој е распишан, одлуката е непотполна и спротивна на начелото на правна сигурност, а референдумското прашање е двосмислено и капциозно. Во иницијативата се вели дека не постои консултативен референдум за сојузување, а Собранието на РМ никогаш нема донесено формална одлука за членство во ЕУ. „Договорот“ за кој се гласа, се нагласува во Иницијативата, не е ратификуван во согласност со Уставот.

„Сметаме дека ова антиконституционална, илегална и конфузна одлука, која е инкомпатибилна со нашиот демократски уставен поредок – земајќи ја предвид јавната полза (utilitas  publica) и правичноста (aequitas) од тоа дејствие – треба што побрзо да биде касирана и повеќе да не постои во нашиот правен систем како противуставна, незаконита и крајно штетна и иритирачка“, се вели во иницијативата на „Левица“.

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција 

М.В

.