/ Прочитано:

1.016

Оставки во Антикорупциската комисија: По Миленков, оставка поднесе и претседателот на Комисијата

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Игор Тантуровски, поднесе оставка, која ја доставил до Собранието на РМ. Вчера оставка поднесе и членот на Комисијата Горан Миленков.

Прашањето за оставки на членовите на Антикорупциската комисија го актуализираа пратеници во Собранието, кои побараа од членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да си поднесат неотповиклива оставка поради злоупотребите констатирани во ревизорскиот извештај, а доколку не го направат тоа, најавија дека ќе поведат собраниска постапка за нивно отповикување.

М.В