/ Прочитано:

1.232

ОТА посредувала за мерката следење на комуникациите во 153 комуникации, меѓу кои и за потребите на СЈО и БЈБ

На дневен ред на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана се наоѓа Годишниот извештај на ОТА 

„Во текот на 2018 година ОТА технички посредуваше во активирање на мерката следење на комуникациите во вкупно 153 комуникации за потребите на овластените органи во Република Македонија“, се вели во Извештајот на ОТА, кој е пред пратениците.

Од овие комуникации, прецизираат од ОТА, 5 комуникации биле технички проследени за Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамките на БЈБ и МВР, а 8 комуникации биле технички проследени за потребите на СЈО.

Оперативно-техничката агенција Скопје (во натамошниот текст ОТА) е законски основана со Законот за ОТА, а започна со работа на 1.11.2018 година.  Според прописите, OTA е самостоен и независен државен орган што обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи за следење на комуникациите, во случаите кога со судска наредба е одобрено следење на комуникациите заради потребите на кривичните истраги или заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата.

„ОТА не поседува техничка можност за пристап до содржината на следената комуникација, а техничката поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи се обезбедува исклучиво и само врз основа на издадена судска наредба за следење на комуникациите“, истакнуваат од ОТА.

Оперативно-техничката агенција започнува со работа

Следењето на комуникациите не смее да биде злоупотребено од позиција на политичка моќ

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В