/ Прочитано:

1.423

Отворена предистражна постапка за АКМИС-системот

Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите во АКМИС-системот по судовите. Предистражната постапка е отворена врз основа на извештајот од експертската група на Министерството за правда од контролите направени во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот суд и во други судови.

Претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со ова, рече дека не е запознаен со предистражната постапка, но истакна дека ја поддржува секоја активност која е во насока на утврдување на вистината и откривање на оној кој го прекршил законот.

„За предистрагата немам информации, но неколкупати сум истакнал дека ја поддржувам која било постапка со која ќе се утврдат незаконитости, дури и мои да се, иако не сум директно инволвиран во работата на АКМИС-системот. Времето ќе покаже дали навистина има или нема злоупотреби во редовна судска постапка“, рече Саити.