/ Прочитано:

1.672

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Владата на РМ ги усвои и пакетот закони предложени од Министерството за правда, односно измените на Кривичниот законик, на Законот за судовите, на Законот за Судскиот совет, како и Предлог-законот за извршување на санкции и Предлог-законот за прекршоци.

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик опфаќаат ревидирање на одредбите во неколку области, односно криминалот од омраза, неказнувањето на жртвата од трговија со луѓе и неказнувањето дете жртва. Законот предвидува и воведување на ново кривично дело „Попречување на правдата“.

Усвојувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, којшто е со европско знаме, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Измените на Законот се во насока на зголемување на независноста, но и подобрување на квалитетот на судството. Тој предвидува нови, заострени критериуми за избор на судија и редефинирање на основите за разрешување на судиите и за утврдување на одговорност на судиите.

Основната цел на Предлог-законот за Судскиот совет, којшто беше усвоен на 108. владина седница, е внесување на мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот, на секои две години. Предлог-законот е во согласност со препораките на Венецијанска комисија и на Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО), а со него се создава основа за утврдување на одговорност на членовите на Судскиот совет. Новиот Предлог-закон предвидува и потранспарентна постапка за избор на членовите на Судскиот совет и судиите, а покрај министерот, право на глас во Судскиот совет ќе нема ниту претседателот на Врховниот суд.

Со Предлог-законот за извршување на санкции се обезбедува остварување на две основни цели: прво, да ја спречи државата и нејзините органи во своето функционирање да применуваат непотребна, претерана, преостра и нецелесообразна присила спрема правните субјекти. И второ, тогаш кога се применува присила, тоа да се чини од страна на надлежни органи во постапка пропишана со закон.

Последниот од пакетот предлог-закони усвоени на вчерашната владина седница е Предлог-законот за прекршоци. Неговата главна цел е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите. За физичките лица глобите ќе бидат помали за 75%, додека за малите фирми казните ќе се намалат за два и пол пати. Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите и нема да го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, Предлог-законот предвидува и опомена заради превенција.

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС 

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

На седницата на Советот за реформи адвокатите ги истакнаа своите предлози за измените на Законот за судовите

И поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд ќе бидат членови на Судскиот совет, според предложените законски измени

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: И уставен судија и судија на меѓународен суд да може да бидат директори на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В