/ Прочитано:

1.376

Почнува гласањето на референдумот: Гласаат членовите на ИО во дипломатско-конзуларните претставништва

На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија (ДИК) денеска за референдумското прашање гласаат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде што во сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот.

Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.

Ќе се гласа во ДКП во Берн, Венеција, Љубљана, Виена, Торонто, Лондон, Бон, Хаг, Берлин, Мелбурн, Канбера, Брисел, Стокхолм, Париз, Рим, Копенхаген, Вашингтон, Детроит, Прага, Абу Даби, Белград, Подгорица, Анкара, Атина, Букурешт, Истанбул и Будимпешта.

Најмногу пријавени за гласање има во Берн – 321, Венеција – 264, Љубљана – 217 и во Виена и Торонто, каде што изјаснување ќе има за по 151 македонски државјанин. Најмалку, само 10, се пријавени за гласање во Будимпешта, 13 во Истанбул, 14 во Букурешт и 15 во Атина.

Доколку некој од пријавените граѓани за гласање во ДКП за референдумот допатуваат во Македонија, нема да може да го остварат тоа право во земјата бидејќи нивното име ќе биде во посебните изводи од Избирачкиот список наменети за дијаспората. Гласањето во дијаспората започнува во 7:00 часот наутро и завршува во 19:00 часот по локално време.

Во сабота на 29 септември гласањето ќе се спроведува и за болните и немоќните лица, за затворениците и за лицата во домашен притвор.

ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум

Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот

ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум

Подносителите на иницијативата за оспорување на Одлуката за референдум: Срамен ден за владеењето на правото

За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна

Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција 

М.В