/ Прочитано:

1.764

Почнувајќи од 1 јануари 2019 година Катастарот ќе ги прима судските одлуки исклучиво во електронска форма

„Во интерес на граѓаните и корисниците, при остварување на нивните права, како и за надминување на опасноста од можни злоупотреби, Агенцијата за катастар на недвижности ја поддржа имплементацијата на електронскиот шалтер во судовите и претстојното електронско поврзување на АКН со судовите.

Во врска со оваа електронска комуникација и поврзување, Агенцијата за катастар на недвижности, до судовите веќе испрати два дописи во јуни и во ноември 2018 година, а планира и одржување на обука на почетокот на декември 2018 година.

Поради сево ова, а согласно обврските кои произлегуваат од Законот за катастар на недвижности, сакаме да информираме дека почнувајќи од 1 јануари 2019 година, Агенцијата за катастар на недвижности судските одлуки ќе ги прима исклучиво во електронска форма, со доставување преку електронскиот шалтер“, се вели во соопштението на Агенцијата за катастар на недвижности.

М.В