/Прочитано:

88

Податоци за насилната смрт во Република Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намалена за 15,3 % во однос на претходната година и изнесува 421 умрено лицe. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,1 %.

Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75,1 %.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи, со 66,0 %, потоа самоубиствата, со 26,4 % и убиствата со 7,6 %.

Во категоријата несреќни случаи, на прво место се умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда, со учество од 26,1 %.

Во категоријата самоубиства, случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација имаат најголемо учество, со 15,7 %.

Во категоријата убиство, доминантна причина за смрт е обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје, со учество од 2,4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

М.В