/ Прочитано:

1.263

Поднесено обвинение против 29 лица за случувањата во кумановската Дива Населба

Среда, 4 ноември 2015 – Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица.

Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394 – а и „тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство. Надлежниот обвинител доставил и Предлог за продолжување на мерката „притвор за обвинетите“.

Од Судот, пак, информираа дека обвинителниот акт, е распореден на одлучување кај совет за оценка на обвинителен акт.

Во дводневната престрелка во кумановската Дива населба загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група. Во полициската акција беа уапсени триесетина лица под сомнение дека се дел од вооружената теросристичка група.