/ Прочитано:

1.698

Политичката и професионална кариера на новиот француски премиер Филип

46-годишниот Едуард Филип, новоизбраниот француски премиер, е политичар и адвокат кој припаѓа на десно-центристичката идеологија и е прв француски премиер кој не е од истата партија како претседателот на Франција. Тој вели дека по убедување е десно-центрист и смета дека политичарите мора да им служат на државните интереси и на граѓаните. Во 90-тите години бил член на Социјалистичката партија, од 2002 до 2015 учествувал во формирањето на Унијата за граѓанско движење, либерално-десничарска партија основана во 2002 година, со намера да ја поддржи кандидатурата на Жак Ширак во претседателската трка.

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон во понеделникот го именуваше Едуард Филип за нов премиер на Франција. Тој е 46-годишен политичар и адвокат кој припаѓа на десно-центристичката идеологија и е прв француски премиер кој не е од истата партија како претседателот на Франција.

Едуард Филип вели дека по убедување е десно-центрист и смета дека политичарите мора да им служат на државните интереси и на граѓаните. Тој во 90-тите години бил член на Социјалистичката партија, од 2002 до 2015 учествувал во формирањето на Унијата за граѓанско движење, либерално-десничарска партија основана во 2002 година, со намера да ја поддржи кандидатурата на Жак Ширак во претседателската трка.

Новиот француски премиер Филип дипломирал во 1992 година на Институтот за политички науки во Париз во областа на јавната администрација, а своето образование го продолжил на француската елитна национална школа за администрација, каде што дипломирал во 1997 година. Потоа Филип својата професионална стручност ја усовршил во Националниот совет, тело на француската Влада кое е надлежно за давање правни совети, каде што специјализирал во областа на јавните набавки.

Од 2004 до 2007 година работел како адвокат во адвокатската канцеларија „Debevoise&Plimpton”, која има канцеларии во Вашингтон, Париз, Франкфурт, Лондон, Њујорк, Москва, Токио, Шангај  и Хонгконг. Во 2001, бил заменик градоначалник на Ле Авр, надлежен за правните работи на тогашниот градоначалник Антоан Руфенахт, а од  2010 до 2012 ја извршувал и функцијата градоначалник на градот.

С. М.