/ Прочитано:

1.355

Поради голем интерес, Академик организира уште една обука на тема „Првични искуства од примената на новиот ЗОУП“

Пријавете го своето учество на обуката во најкус можен рок за да си обезбедите место и да ги дознаете новините, спецификите и предизвиците што ги носи новиот Закон за општата управна постапка.

????????????????????????????????????

Поради големиот интерес за утрешната обука на Академик на тема „Првични искуства од примената на новиот ЗОУП“, која е веќе распродадена, Академик ќе организира уште една обука на истата тема и со истите предавачи. Датумот на втората обука е 4.10.2016 (вторник), а локацијата на одржување на обуката е повторно хотелот „Солун“ во Скопје. Почетокот на обуката е закажан за 10:00 часот.

Пријавете го своето учество на обуката во најкус можен рок за да си обезбедите место и да ги дознаете новините, спецификите и предизвиците што ги носи новиот Закон за општата управна постапка.

Законот за општата управна постапка започна да се применува на 31.7.2016 година и се очекува дека ќе предизвика доста измени во работењето на сите субјекти кои се должни да го применуваат. Поради тоа, на обуката на Академик ќе биде направен осврт на основните карактеристики и специфики на решенијата кои се содржани во новиот Закон, вклучувајќи ја и тематиката на застапувањето на странките, комуникацијата меѓу странките  и органите, како и актите кои ги донесуваат органите во согласност со Законот. Предмет на разработка ќе бидат и управната соработка, изведувањето на доказите по службена должност, како и анализата на целиот тек на жалбената постапка, од иницирањето, па сѐ до нејзиното завршување, а сето тоа гледано од аспект на новиот Закон за општата управна постапка.

На крајот ќе бидат сумирани и ефектите што се очекуваат од донесувањето на Законот, а од страна на истакнатите предавачи, кои се со долгогодишно искуство, ќе бидат дадени насоки за соодветна примена на новиот Закон во практиката. Предавачи на оваа обука ќе бидат:

  • Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и
  • Југослав Ѓорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог и агенда на обуката.

newsleter зоуп октомври 2016