/Прочитано:

330

Поради големиот интерес, Академик ќе одржи уште една обука за новите ЕУ-правила за заштита на личните податоци

Новите ЕУ-правила за заштита на личните податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на личните податоци е темата на обуката во организација на Академик, која ќе се одржи на 15.3.2018 (четврток).

Академик ја организира оваа обука поради големиот интерес, а во насока на обезбедување навремена стручна подготовка на субјектите за правилна примена на новиот Закон за заштита на личните податоци.

Со цел навремено и целосно усогласување на законодавството на Република Македонија во областа на заштитата на личните податоци со правото на Европската Унија, изработен е работен текст на новиот Закон за заштита на личните податоци.

Преку ваквиот реформски процес на македонското законодавство во областа на заштитата на личните податоци ќе се имплементираат решенијата содржани во Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија (ЕУ) 2016/679, која е донесена на 27 април 2016 година, а ќе започне да се применува од 25 мај 2018 година.

Агенда на обуката:

ПРАВНА РАМКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Новини предвидени со Општата регулатива на Европскиот парламент и Советот на ЕУ;
  • Примена на Законот – материјална и територијална;
  • Значење на поимите;
  • Начела за заштита на личните податоци и нивно значење;
  • Прекршочни одредби во случај на повреда на Законот.

 ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Права на субјектот на лични податоци – обврски на контролорот;
  • Евиденција на активности за обработка;
  • Улога на офицерот за заштита на личните податоци;
  • Известување за нарушување на безбедноста на личните податоци;
  • Обработка на личните податоци преку системи за видеонадзор;
  • Обврски на контролорот при воспоставувањето на систем за видеонадзор.

ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Класификација на нивоата на заштита и начини за нејзино спроведување;
  • Документација за техничките и организациските мерки;
  • Сигурност на информацискиот систем;
  • Начин за управување со медиуми, нивно уништување, чување и бришење;
  • Обезбедување на безбедност на интернет и безбедност на електронската комуникација;
  • Заштитни мерки при друга, рачна обработка на личните податоци.

ПРАШАЊА, ОДГОВОРИ И ДИСКУСИЈА   

Предавач на обуката ќе биде Игор Кузевски, генерален секретар во Дирекцијата за заштита на личните податоци, автор на книгата „Прирачник за заштита на личните податоци – практичен водич“, во издание на Академик.

Учесниците на обуката ќе добијат можност да го набават најновото издание на Академик „Прирачник за заштита на личните податоци – практичен водич“ со попуст од 10 %.          

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, освежување, кафе и премиум закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3237 465, +389 02 3122 308.