/ Прочитано:

1.383

Поради големиот интерес, Академик повторно организира обука за актуелни теми од областа на катастарот и градежното земјиште

Поради големиот интерес и секогаш актуелната тема, на 29 мај 2018 година Академик повторно организира обука за уредувањето на градежно земјиште, постапка за легализација, запишување права врз инфраструктурни објекти. Предавач на обуката ќе биде Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како и државни советници од Агенцијата.

Уредувањето на градежното земјиште, постапките за легализација, запишувањето права врз инфраструктурни објекти и градењето стабилни инфраструктурни проекти се теми од кои секогаш произлегуваат бројни прашања и дилеми и за кои неминовно се отвора дискусија.

Обуката во организација на Академик е со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат физичките и правните лица од сите сфери. Учесниците на специјализираната обука ќе имаат ексклузивна можност да ја откријат линијата на којашто се сретнуваат егзактноста на геодезијата и теоријата на правото.

УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КАТАСТАР, ИСКУСТВА ОД СИСТЕМОТ ЗА ПОДЗЕМЕН КАТАСТАР

Воспоставување катастар на инфраструктурни објекти;

Први искуства од воспоставениот систем за подземен катастар и практични примери, влијание врз имотните права или субјектите при градење;

Карактеристики на инфраструктурните објекти, премер;

Графички регистар за градежно земјиште;

Дискусија околу потребите за измени на Законот за катастар на недвижности.

ЗАПИШУВАЊЕ ПРАВА ВРЗ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ

Предбележување и запишување на објекти на инфраструктурата во јавните книги;

Легализација на инфраструктура;

Запишување на права и ограничувања врз инфраструктурни објекти;

Геодетски елаборати и решенија за запишување;

Хипотеки на инфраструктурни објекти.

ЗАПИШУВАЊЕ ПРАВО НА ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКО ПРАВО

Постапка за запишување на право на државна сопственост;

Доделување корисничко право врз објекти во државна сопственост;

Постапка за запишување на корисничкото право;

Примена на Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост.

Случаи во постапката за запишување на право на државна сопственост во кои учествува Државното правобранителство.

Обуката ќе се одржи во новоотворениот Центар за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1. На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.