/ Прочитано:

3.131

Поранешниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски ќе работи како адвокат

Поранешниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски отвори адвокатска канцеларија. Податоците за регистрирањето на адвокатската канцеларија се објавени на веб-страницата на Централниот регистар.

Централниот регистар на Република Македонија, се вели во решението на Регистарот, постапувајќи по пријавата за упис на обезбедување на податоци преку едношалтерскиот систем на Адвокатска комора на РМ за адвокат Марко Зврлевски Скопје, во согласност со членовите 13 и 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица,  донесе решение со кое се одобрува пријавата.

Марко Зврлевски како адвокат од областа на казненото право работел од 1998 до 2000 година, но речиси целата своја кариера ѝ ја посветил на јавнообвинителската работа, почнувајќи од приправник во  Општинското јавно обвинителство во Скопје па сè до неговото именување за јавен обвинител на Република Македонија во 2013 година, функција која ја извршуваше до август 2017 година.

М.В