/ Прочитано:

1.139

Постапка за номинација на лице за Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција

„Владата  ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со номинација на Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција. Притоа Владата ја донесе и одлуката за дополнување на одлуката за образување Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија. Истовремено Владата му укажа на Народниот Правобранител на Република Македонија во рок од три дена од денот на влегување во сила на оваа одлука да ја започне постапката за номинација на лице за Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција“, известуваат од Владата на РМ.