/Прочитано:

758

Потпишан меморандум за подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството

Денеска во Министерството за правда беше потпишан меморандум за соработка од страна на новоназначената амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, министерката за правда, Рената Дескоска, и претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи, Лидија Стојкова-Зафировска.

„Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“ е новиот предмет на соработка помеѓу страните потписници на проектот кој ќе се спроведува до крајот на март 2020 година.

Целта на оваа програма е подобрување на перцепцијата и довербата на јавноста во правосудниот систем, пред сè, преку зголемувањето на транспарентноста на судовите, како и преку поддршка на реформите и зголемување на капацитетите на судството.

Toa ќе се одвива преку три компоненти, од кои се очекува да спроведат објективна процена на судските реформи во Македонија: преку следење на напредокот на реформите во правосудството, зајакнување на правната сигурност и предвидливост преку подобрување на правната рамка и обуки за судиите за постојана примена на правото, и последната компонента која подразбира отворање на судскиот систем во смисла на зголемување на неговата транспарентност и одговорност кон јавноста и граѓанскиот сектор.

Имплементатор на овој проект ќе биде Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА).

М.В