/ Прочитано:

1.031

Потпишан меморандум за разбирање помеѓу Собранието на Република Македонија и ОБСЕ

Денес, во Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, и шефот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која, потпишаа меморандум за разбирање, за спроведување на заеднички активности во периодот од 2018 до 31 декември 2021 година.

Целта на овој меморандум е поддршка на Стратегијата за реформа на Собранието со цел законодавниот дом да ја врати својата уставна улога на центар на политичкиот дијалог, да биде отчетно, транспарентно и да има вистинска надзорна улога.

Според претседателот Џафери, тоа ќе биде возможно кога ќе се постигне вистинска независност во одлучувањето на Собранието во контекст на внатрешното обезбедување на буџетската независност и независност на службата.