/ Прочитано:

1.452

Потребата од зголемување на бројот на државните правобранители на владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе одлучува и по информацијата од страна на Државното правобранителство за потребата од зголемување на бројот на државните правобранители.

Државното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој презема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

Во Законот за Државното правобранителство се пропишува дека Владата на Република Македонија, по предлог на државниот правобранител, со одлука го определува бројот на државните правобранители и донесува одлука со која го утврдува седиштето на државните правобранители и подрачјето на судовите каде што се врши државноправобранителската функција.

При донесувањето на одлуката со која се определува бројот на државните правобранители се тргнува од бројот, од видот и од карактерот на предметите, како и од надлежноста на судот на чие подрачје државните правобранители ја вршат својата функција.

Седиштето на државните правобранители и подрачјето на судовите каде што се врши државноправобранителската функција се утврдува врз основа на економската оправданост и бројот на судовите пред кои државните правобранители преземаат дејствија.

М.В