/ Прочитано:

1.319

Потребни се јасна регулатива и повисока свест за да се подобри состојбата во осигурувањето во земјоделскиот сектор

Реформи во осигурувањето во земјоделството, интервенции во законските норми кои ја регулираат оваа дејност, јасни правила и поголема информираност на земјоделците се главните поенти на денешната „Конференција за осигурување во земјоделството“.

Според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во пораст се апликациите за мерката за покривање на  60% од трошоците за осигурителна полиса. Ако лани аплицирале 1.500 земјоделци, оваа година тоа го сториле над 3.000 земјоделци.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, вели дека во Република Македонија работат 11 друштва за неживотно осигурување и 5 друштва за осигурување на живот. При тоа 8 осигурителни компании нудат производи за земјоделско осигурување.

„Земјоделското осигурување како дел од имотното осигурување зазема 2% од вкупната пласирана премија. Од вкупно регистрираните земјоделци, само 4% се осигурени со полиса за земјоделско осигурување. Дури 85% од земјоделците кои купиле полиса за осигурување се корисници на финансиска помош за субвенционирање на премиите за осигурување“, нагласи Попоски.

На конференцијата од страна на реномирани експерти од оваа област беа презентирани и моделите за осигурување во земјоделството во Република Турција и Кралството Шпанија, од кои би можеле да се извлечат корисни насоки за унапредување на земјоделското осигурување. Конференцијата ја отворија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

M.В