/ Прочитано:

998

Поведена постапка за противуставна одредба во Законот за безбедност и здравје при работа

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа.  Членот 2 од оспорениот закон менува дел од член од Законот кој повеќе не е во правниот поредок, што според Судот, основано може да се доведе под сомнение во однос на членот 8 ставот 1 алинејата 3 од Уставот на Република Македонија, односно со принципот на владеењето на правото и правната сигурност.

„Оспорениот член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 30/2016) предвидува дека во членот 17-ж став (1) зборовите: „Министерот надлежен за работите од областа на трудот или од него овластено лице“, се заменува со зборовите: „Министерството за труд и социјална политика“. Ставот (2) се менува и гласи:

(2) Против решението на Министерството за труд и социјална политика со кое е одбиено барањето за полагање на стручен испит кандидатот може да поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Меѓутоа, од увидот во Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/2015) поточно во член 3 неспорно произлегува дека во член 17-ж ставот (1) се брише. Ставот (2) станува став (1).

Од наведеното произлегува дека членот 2 од оспорениот закон менува дел од член од Законот кој повеќе не е во правниот поредок“, се вели во решението на Судот.

М.В