/ Прочитано:

1.763

Поврзаноста на правото и книжевноста и местото на правото во книжевноста

Поврзаноста на правото и книжевноста особено се огледува во интердисциплинарните врски помеѓу законот и книжевноста. Оваа заемност влече корени од почетокот на 20 век кога биле водени правни полемики кои ги покренале американските правници Џон Вигмор, кој предавал право во САД и во Јапонија и Бенџамин Кардозо, кој бил поставен за врховен судија во 1932 година. Полемиката се однесувала на прашањето дали правото е извор на вредност во културата на читањето или само дава филозофско значење и се фокусира на повеќезначноста на текстовите воопшто, без разлика дали се книжевни или правни.

Секоја година на 23 април се одбележува Светскиот ден на книгата и на авторското право. Овој датум го карактеризираат неколку настани кои се случиле во историјата поврзани со книжевноста и писателите. Имено, на 23 април 1616 година починале славните писатели Вилијам Шекспир и Мигуел де Сервантес, а на тој датум низ разни временски периоди се родиле или починале писателите Владимир Набоков, Мануел Ваљехо и Морис Друон.

Следствено на тоа, на Генералната конференција на УНЕСКО одржана 1995 година во Париз, оваа организација на ОН го прогласи 23 април за Светски ден на книгата, книжевноста и авторските права, со тоа охрабрувајќи ги луѓето, особено младите да го истражуваат задоволството од читањето, да уживаат во него и да им оддадат почит на сите оние што придонеле за литературата низ историјата.

Поврзаноста на правото и книжевноста особено се огледува во интердисциплинарните врски помеѓу законот и книжевноста. Оваа заемност влече корени од почетокот на 20 век кога биле водени правни полемики кои ги покренале американските правници Џон Вигмор, кој предавал право во САД и во Јапонија и Бенџамин Кардозо, кој бил поставен за врховен судија во 1932 година. Полемиката се однесувала на прашањето дали правото е извор на вредност во културата на читањето или само дава филозофско значење и се фокусира на повеќезначноста на текстовите воопшто, без разлика дали се книжевни или правни.

Од почетокот на 70-тите години на 20 век преовладал ставот дека правото е дел од книжевноста, па затоа текстовите со правна тематика би можеле да се толкуваат и читаат со интерпретативните техники на книжевните критичари. Американските филозофи Вајт и Дворкин сметале дека правото и законите имаат голема важност за книжевноста бидејќи нивната структура покрај тоа што подлежи на правилата како секој книжевен жанр е и проткаена со значења кои може да се откријат само преку интерпретација.

Правото во книжевноста се изразува на различни начини и најчесто се претставува преку правни ситуации во книжевните дела, а особено карактеристичен е неутралниот начин на кој авторите ги изразуваат тие ситуации во своите дела. Книжевните дела најчесто се однесуваат на фиктивни ситуации и ликови, а најпознати писатели кои претпочитале да пишуваат такви дела се: Франц Кафка, Албер Ками, Фјодор Достоевски, Чарлс Дикенс и др.

С. М.